logo
logo
logo

Руските ПВО системи соборија 21 украински дрон над руските региони, руските дронови погодиле 10 локации во градот Суми

Vecer | 25.08.2025

Руските ПВО системи соборија 21 украински дрон над руските региони, руските дронови погодиле 10 локации во градот Суми

Руските медиуми го цитираат министерството кое наведе дека од 23 часот синоќа по московско време до 7 часот утринава пресретнати биле 21 дрон.

Меѓу нив, седум над Смоленскиот регион, шест над Брјанскиот регион, три над Орјолскиот регион, три над Московскиот регион, од кои два беа насочени кон Москва, како и по еден над Калушкиот и Тверскиот регион.

Од друга страна, руските дронови ноќеска погодиле над 10 локации во градот Суми, при што биле запалени станбени згради, објави началникот на воената администрација на градот Суми, Сергеј Кривошејенко.

-Нападот се случи околу полноќ, кога непријателот започна масовен напад врз градот, рече Кривошејенко и додаде дека нема пријавени жртви, објави Укринформ.

Гувернерот на регионот Суми, Олег Хригоров, потврди дека напади со беспилотни летала се регистрирани и во населбата Роменска.

Поради влијанието врз клучните инфраструктурни објекти, имаше прекин на електричната енергија во делови од Сумскиот регион.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk