Четвртата по ред Меѓународна конференција за обнова на Украина се одржува денеска во Рим, Италија. Во текот на оваа средба, светски лидери разговараат за тоа како да се ја заштити Украина од понатамошна руска агресија и да се постават темелите за нејзино закрепнување и изградба.
Влади, меѓународни организации, финансиски институции, компании, региони, општини и граѓанското општество доаѓаат на конференцијата обединети со заедничка заложба за јакнење на отпорноста на Украина, колку што е неопходно. Меѓу учесниците се претставници на различни засегнати страни, што го докажува нивниот силен ангажман за иднината на земјата.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони и украинскиот претседател Володимир Зеленски се поздравија со присутните и ги отворија дискусиите, според медиумски извештаи. Конференцијата започна во услови кога Русија изврши масовен напад врз Украина, испраќајќи рекорден број дронови и ракети кон источноевропската држава. Зеленски го сподели нападот во објава на својата X страница.
A new massive Russian attack on our cities. It was the highest number of aerial targets in a single day: 741 targets – 728 drones of various types, including over 300 shaheds, and 13 missiles – Kinzhals and Iskanders. Most of the targets were shot down. Our interceptor drones… pic.twitter.com/Lxa5TdYVXT
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) July 9, 2025
Нов масовен руски напад врз нашите градови. Ова беше ден со најголем број на воздушни цели: 741 воздушна цел – 728 дронови од различни типови, меѓу кои над 300 Shahed, и 13 ракети – Кинжал и Искандер. Поголемиот дел од целите беа уништени. Користевме пресретнувачки дронови и веќе ја прошируваме оваа технологија. Активни беа и мобилните огнени групи. Им благодарам на сите борци за нивната прецизност.
Конференцијата повторно ќе ги потврди вредностите и 'принципите за обнова на Украина' — познати како Принципи од Лугано, востановени на конференцијата во 2022 година во Швајцарија. Овие вредности вклучуваат: партнерство, фокус на реформи, транспарентност, отчетност и владеење на правото, демократско учество, вклучување повеќе засегнати страни, родова еднаквост и одржливост.
Оваа година, конференцијата е организирана околу четири тематски насоки.
- <b>Бизнис димензија</b>: Мобилизирање на приватниот сектор за реконструкција и економски раст. Разговараат за прашањата што ги засегаат бизнисите: безбедност, финансирање и осигурување, регулативи и пазарот на труд.
- <b>Човечка димензија</b>: Обнова на општеството и човечкиот капитал на Украина. Се истакнува потребата за мобилизација на човечкиот потенцијал, јакнење на општествената поврзаност и вклучување на дијаспората за одржлива реконструкција.
- <b>Локална и регионална димензија</b>: Ова подразбира закрепнување на општините и регионите, потпирајќи се на реформата за децентрализација и зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи и регионалните администрации.
- <b>Димензија на ЕУ</b>: Патот кон пристапување во ЕУ и потребните реформи за усогласување на украинските политики и институции со европските стандарди и поттикнување на економски и општествен напредок.
Дополнително, конференцијата е можност за собирање на меѓународни инвеститори кои би придонеле за развојот на Украина по завршувањето на војната. Банки, компании, граѓанскиот сектор и глобални организации се вклучени во креирањето на идните напори за закрепнување. Главната цел е да се воспостават партнерства меѓу инвеститорите и украинските власти со цел изградба на основите за реконструкција, како и подготовка на Украина за низа реформи за нејзино интегрирање во Европската Унија.
Можеби на прв поглед изгледа нелогично да се зборува за обнова додека војната сè уште трае и нападите врз цивилното население се секојдневни, но токму затоа ова прашање е приоритетно и итно.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата