logo
logo
logo

Путин го потпиша законот за електронска регистрација на странци кои влегуваат во Русија

Vecer | 09.07.2025

Путин го потпиша законот за електронска регистрација на странци кои влегуваат во Русија

Како што јавуваат руските медиуми, овој систем треба да содржи податоци за сите странци и лица без државјанство кои влегуваат, излегуваат или престојуваат во Русија.

Агенцијата наведува дека целта на креирањето на регистарот е да се соберат поцелосни, поточни и поажурирани информации за проценка на миграциската состојба во земјата.

„Со цел да се обезбеди државна безбедност, да се зачува јавниот ред и да се подобри државната миграциска политика на Руската Федерација, му наредувам на Министерството за внатрешни работи до 30 јуни 2026 година да обезбеди создавање на државен информациски систем „Дигитален профил на странски државјани“, се наведува во документот објавен на официјалниот портал за правни документи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk