Од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток воздушната одбрана на ОАЕ неутрализира вкупно 314 балистички ракети, 15 крстосувачки ракети и 1.672 беспилотни летала, при што загинаа двајца војници од ОАЕ, шест државјани на Пакистан, Непал, Бангладеш и еден Палестинец. Вкупно 157 лица се повредени, меѓу кои има и странски државјани.
Министерството за одбрана на ОАЕ нагласи дека останува во целосна борбена готовност и е подготвено да одговори на какви било закани.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата