Личните податоци на припадници на MI6, специјалните единици SAS и други специјални сили беа компромитирани во големо протекување на податоци во Велика Британија, што доведе до итна евакуација на илјадници авганистански соработници.
Извори од министерството за одбрана за Sky News и The Guardian потврдуваат дека, покрај афганистанските соработници, протекувањето опфатило и над 100 британски државјани. На таа листа биле спонзорите кои им помагаат на поранешните соработници да најдат засолниште. Меѓу податоците има имиња, имејл адреси и, во некои случаи, уште подетални информации за најчуваните идентитети во државата.

Во вторникот, британскиот министер за одбрана, Џон Хили, ја информираше Долната комора дека во 2022 година се случило огромно протекување податоци, што ја натера владата во тајна операција да премести околу 6.900 Авганистанци, чие што идентитет беше разоткриено. Тој јавно се извини за грешката и за тајноста околу процесот. Министерството за одбрана во септември 2023 издејствува суперинџанкција, со што осум медиуми и нивните новинари беа спречени да објавуваат за случајот.
Никој не сака да ја скрие вистината од британската јавност, од пратениците, ниту од медиумите на ваков начин.
Од целкупно околу 80.000 до 100.000 засегнати од протекувањето, 6.900 лица (меѓу кои и 1.500 директно компромитирани и нивните семејства), всушност се релокирани. Минатата година, судиите предупредија дека откриените би можеле да се соочат со вознемирување, измачување или смрт ако бидат идентификувани од Талибанците.
Трошоците за релокација би можеле да ја надминат сумата од 1 милијарда долари пред да биде завршена акцијата.
Протекувањето настанало кога службеник во штабот на специјалните сили, во февруари 2022 година, по грешка испратил имејл со доверлива документација за случаите на афганистанската програма за релокација (ARAP). Службеникот повеќе не е на позицијата според BBC.
Во август 2023, делови од електронска табела со компромитирани податоци биле споделени во група на Facebook, од страна на Авганистанец на кого му било одбиено барањето за преселба. Од министерството веднаш биле алармирани. За да биде повлечен постот, човекот добил понуда за побрз разглед на неговата апликација – сега е во Велика Британија и не се соочува со обвиненија.
Британската влада во април 2024 создаде дополнителна програма за Афганистан (Afghanistan Response Route), одвоена од ARAP. Засегнатите не биле информирани за протечените податоци.
До мај 2025, лица погодени од ова протекување сочинуваат над 16.000 од вкупно повеќе од 36.000 Авганистанци што пристигнале во Обединетото Кралство од август 2021 година.
Додека компромитацијата на податоци за припадници на SAS, MI6 и други специјални сили не ги изложува на толкава директна закана како афганистанците, таа сепак може да им ја загрози службата и да ги стави на мета на непријателски разузнавачки служби.
Велика Британија ја засили преселбата на Афганистанци по протекувањето на податоци во 2022
Според министерот Хили, протекената табела содржела „имиња и контакти на апликанти, како и, во некои случаи, информации и за членови на нивните семејства, а во мал дел – и имиња на пратеници, високи воени лица и владини службеници кои давале поддршка на апликациите“.
Иако властите најпрво се плашеа дека отекувањето може да доведе до одмазди, независното истражување на пензионираниот државен службеник Пол Ример покажа дека документот „можеби не се рашири толку широко како што првично се стравуваше“ и дека, ако паднал во рацете на Талибанците, најверојатно би бил од ограничена корист.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата