logo
logo
logo

Продолжуваат меѓусебните напади помеѓу Пакистан и Авганистан

Vecer | 15.03.2026

Продолжуваат меѓусебните напади помеѓу Пакистан и Авганистан

Пакистанскиот министер за информирање Аталах Тарар на Икс објави дека армијата нападнала магацин за опрема и „инфраструктура за техничка поддршка“ во Кандахар.

Додека портпаролот на авганистанската влада, Забиулах Маџахид соопшти дека при пакистанскиот напад погодени се објект што дење го користат припадниците на обезбедувањето, а ноќе е празен и центар за рехабилитација од дрога, што е оштетен.

- Пакистан продолжува со инвазијата и со разгорување на огнот на војната, наведе Маџахид.

Авганистанското Министерство за одбрана соопшти дека со нападот врз Јужен Варизистан причинета е голема штета на пакистанската армија, а пакистанското Министерство за информирање демантираше дека е погодена „воена инсталација или инфраструктура“.

Пакистан и Авганистан меѓусебно напаѓаат воени објекти од крајот на февруари. Двете страни тврдат дека предизвикале големи загуби кај другата страна. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk