logo
logo
logo

Претреси во Франција како дел од истрагата за врската меѓу поранешниот министер Жак Ланг и покојниот Епстин

Vecer | 16.02.2026

Претреси во Франција како дел од истрагата за врската меѓу поранешниот министер Жак Ланг и покојниот Епстин

 Во Париз денеска се во тек претреси како дел од прелиминарната истрага против поранешниот министер за култура, а потоа и за образование, социјалистот Жак Ланг, и неговата ќерка Каролина Ланг за перење пари и даночни измами во врска со аферата на покојниот американски финансиер и макро на жени и малолетници Џефри Епстин, објави државното финансиско обвинителство.

Истражителите на Националната канцеларија за борба против измами спроведуваат претрес во Институтот на арапскиот свет во Париз, чиј претседател беше Жак Ланг до неговата оставка пред малку повеќе од една недела, по откривањето на неговите финансиски врски со Епстин, кој почина под сомнителни околности во американски затвор, објавија медиумите.

На 6 февруари, француското обвинителство започна прелиминарна истрага поради сомневања за сериозна даночна измама и перење пари, особено во врска со офшор компанија на Американските Девствени Острови, која беше основана во 2016 година од Епстин во корист на Каролина Ланг.

„Истрагата доаѓа по неодамнешното објавување на речиси три милиони документи и досиеја од американското Министерство за правда поврзани со судски постапки и истраги против Епстин“, соопшти обвинителството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk