Карни ќе се сретне со австралискиот колега Антони Албанезе во момент на ескалација на војната на Блиски Исток. Тие, исто така, ќе бараат начини за зајакнување на врските како водечки производители на клучните минерали.
Канада и Австралија развиваат сè поблиски односи, при што се очекува двете земји да ја продлабочат соработката во области како што се одбраната и поморската безбедност, стратешките суровини, трговијата и вештачката интелигенција, соопшти канцеларијата на Карни.
Предвидено е Карни и да се обрати пред австралискиот парламент.
Албанезе минатата недела ја опиша Канада како еден од „најблиските пријатели“ на Австралија, наведувајќи оти пријателството е изградено „врз основа на генерации доверба“ и повика на поблиски врски во име на националните интереси.
Карни допатува во Австралија по посетата на Јапонија и Индија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата