„Единаесет членови на екипажот беа спасени, вклучувајќи двајца повредени. Телото пронајдено на бродот пред да потоне е префрлено во мртовечница“, се вели во соопштението на Хутите, според телевизијата „Ал-Мајадин“.
Меѓу заробените морнари е и грчкиот државјанин Сотирис, кој бил вооружен чувар на бродот.
Во еден момент, видеото го прикажува Сотирис како разговара преку видео повик со непозната жена, највееорјатно неговата сопруга. Грчкиот товарен брод „Етернити Ц“ беше нападнат на 7 јули со беспилотни летала, огнено оружје и вооружени напаѓачи во глисери додека пловел околу 50 наутички милји од јеменското пристаниште Ходеида.
المشاهد الكاملة لشهادات طاقم السفينة "ETERNITY C" التي اغرقتها القوات المسلحة اليمنية pic.twitter.com/tLbZP03s4g
— الإعلام الحربي اليمني (@MMY1444) July 28, 2025
Мисијата на ЕУ „Штит на Црвеното Море“ објави дека 15 од 25-те членови на екипажот на бродот „Етернити Ц“, кој плови под либериско знаме, се водат како исчезнати по нападот на Хутите, вклучувајќи четворица мртви.
Од ноември 2023 година, јеменските бунтовници поврзани со Иран започнаа серија ракетни и беспилотни напади врз Израел и бродови за кои веруваат дека се поврзани со Израел, САД и Велика Британија, велејќи дека дејствуваат во солидарност со Палестинците во Појасот Газа.
Во мај, тие се согласија да престанат да напаѓаат американски бродови во замена за прекин на американското бомбардирање на позициите на милитантното движење во Јемен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата