logo
logo
logo

Поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол дополнително обвинет за лажно сведочење

Vecer | 04.12.2025

Поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол дополнително обвинет за лажно сведочење

 Јужнокорејското  специјално обвинителство денеска соопшти дека тим специјални обвинители поднел дополнителни обвиненија против поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол за лажно сведочење за време на судењето за бунт против поранешниот премиер на земјата Хан Дак-су.

Јун веќе се соочува со обвиненија за бунт и други прекршоци во врска со неуспешното воведување воена состојба минатиот декември, а новите обвиненија се однесуваат на неговото тврдење дека состанок на владиниот кабинет, одржан пред прогласувањето воена состојба, бил планиран пред предлогот на Хан, објави Јонхап.

„Покренавме обвиненија за лажно сведочење во врска со сведочењето дадено од поранешниот претседател Јун за време на судењето на поранешниот премиер Хан Дак-су“, рече помошничката специјална обвинителка Парк Џи-јонг.

За време на судењето минатиот месец, Јун, кога беше прашан дали Хан предложил свикување седница за легитимирање на одлуката за воена состојба, рече дека прашањето е преувеличено и дека „членовите на кабинетот не се марионети кои дошле да создаваат привид“.

Тимот на специјалниот обвинител Чо Еун-сук се сомнева дека Јун првично немал намера да го одржи состанокот на кабинетот, но ја променил својата одлука по предлогот на Хан за да ѝ даде на воена состојба поголем кредибилитет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk