logo
logo
logo

Почина мајката на Џеф Безос на 78 години

Vecer | 15.08.2025

Почина мајката на Џеф Безос на 78 години

 Во објава на Инстаграм, покрај фотографија од мајка сѝ, 61-годишниот милијардер се осврна на својот родител со кого има разлика од само 17 години, објави ДПА.

„Тоа не може да биде лесно, но таа се справи со сè. Таа се зафати со желбата ревносно да ме сака, па го донесе мојот неверојатен татко во 'тимот' неколку години подоцна, а потоа ги додаде и мојата сестра и брат на нејзиниот список на луѓе што ги сака, чува и негува“, напиша Безос.

Мултимилијардерот рече дека починала „опкружена со толку многу од нас кои ја сакаа“ - нејзините деца, внуци и неговиот татко.

„Ја чувам безбедно во моето срце засекогаш“, подлече тој.

Сочувства пристигнуваат од бројни познати личности: Антонио Бандерас, Шерон Стоун, Наоми Кемпбел, Миранда Кер... Лорен Санчез, поранешната новинарка која се омажи за Безос на ѕвездена свеченост во Венеција во јуни, напиша: „Ќе ни недостига многу“.

Фондацијата на семејството Безос во соопштението наведува дека на Џеки Безос ѝ била дијагностицирана Леви-телесна деменција, во 2020 година. Таа била претседателка на Фондацијата, којашто доделува образовни стипендии. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk