logo
logo
logo

Основачот на „Телеграм“ Павел Дуров на распит во Париз- обвинет е за дистрибуција на нелегални содржини (ВИДЕО)

Vecer | 30.07.2025

Основачот на „Телеграм“  Павел Дуров на распит во Париз- обвинет е за дистрибуција на нелегални содржини (ВИДЕО)

40-годишниот руски претприемач Павел Дуров, чија нето вредност се проценува на 11 милијарди долари, пристигна во судницата во Париз облечен во црно одело и капа во 10 часот наутро, во придружба на четири адвокати. Ниту Дуров ниту неговите адвокати не сакаа да даваат изјави.

Весникот забележува дека ова е трето испрашување на Дуров од август 2024 година, кога беше обвинет во Франција за непреземање мерки против ширењето на криминална содржина на неговата платформа за пораки.

Подоцна беше ослободен од притвор со кауција од пет милиони евра, под строг судски надзор и обврска да се јавува во полициска станица двапати неделно. Му е забрането да ја напушта француската територија.

Дуров, кој стана француски државјанин во 2021 година, призна за време на првото испрашување во декември дека „станал свесен за сериозноста на фактите“ и обвинувањата против неговата платформа додека бил во полициски притвор.

Апелациониот суд во Париз ја ублажи мерката за судски надзор на Дуров и од 10 јули тој може да патува во Дубаи, каде што се населил, „за периоди до 14 последователни дена“, откако претходно ги информира истражните судии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk