Опозициската партија „Индиски национален конгрес“ ја повика Владата на Нарендра Моди да презентира детали за трговските договори со ЕУ и САД, обвинувајќи го премиерот дека „целосно му се предал“ на американскиот претседател Доналд Трамп, наштетувајќи им на индиските земјоделци, објави индиска новинска агенција.
Џаирам Рамеш, генерален секретар за комуникации на „Индискиот национален конгрес“, ја критикуваше Владата поради веста дека е постигнат нов трговски договор меѓу Њу Делхи и Вашингтон.
„Индија е ослабена од оваа несреќна низа на случувања“, рече лидерот на опозицијата.
Тој посочи дека од информацијата објавена од Трамп станува јасно дека премиерот Моди „целосно му се предал“. Рамеш потсети дека пред речиси една година, индискиот премиер ја посети Белата куќа, за да му честита на Трамп за стапувањето на должност за вториот претседателски мандат.
Тогаш премиерот Моди „целосно ја демонстрираше својата препознатлива „дипломатија на прегратки“, напиша Рамеш на социјалната мрежа Икс.
„Изгледаше како односите меѓу Индија и САД никогаш да не биле подобри. Трговските разговори започнаа веднаш потоа. Но, работите тргнаа наопаку откако претседателот Трамп го даде својот прв коментар за прекинувањето на операцијата „Шиндур“ (операција што Делхи ја почна во Париз по убиството на 26 туристи во Џаму и Кашмир и вклучуваше размена на оган со Пакистан), додаде опозицискиот политичар.
„Од информациите што ги даде претседателот Трамп, сосема е јасно дека премиерот Моди... целосно му се предал. Тој несомнено направил отстапки пред претседателот Трамп. Индија излегува ослабена од оваа неповолна низа настани“, додаде Рамеш.
Според него, текстовите на трговските договори со ЕУ и САД треба да бидат доставени за разгледување и дискусија во двата дома на Парламентот, „особено откако американската министерка за земјоделство Брук Ролинс објави соопштение во кое тврди дека Индија го либерализирала увозот на земјоделски производи од САД“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата