logo
logo
logo

Олимпијка била полиена со бензин и запалена од поранешниот партнер: Трчаше, викаше напомош

Vecer | 08.09.2024

Олимпијка била полиена со бензин и запалена од поранешниот партнер: Трчаше, викаше напомош

"Бев дома и слушнав како луѓето викаат "оган". Кога излегов ја видов Ребека како трча кон мојата куќа запалена. Таа викаше за помош", изјави низ солзи за Би-би-си Агнес Барабара, соседка на Чептегеи.

„Отидов да земам вода и почнав да викам за помош, но потоа дојде напаѓачот и ја поли со уште повеќе бензин. Но, потоа се потпали и самиот и истрча кон градината. После тоа отидовме да ѝ помогнеме на Ребека. Никогаш не сум видел некој жив изгорен. Не можев да јадам со денови. Ребека беше многу добра сосетка, неодамна ја подели со мене пченката што ја собра.“

Полицијата смртта на Ребека ја третира како убиство, а главен осомничен е нејзиниот поранешен партнер. Двајцата наводно се расправале за мало парче земја каде што живеела Чептегеј. Против напаѓачот ќе биде поднесена кривична пријава откако ќе биде пуштен од болница, каде што се опоравува од повредите здобиени за време на инцидентот.

Ребека Чептегеи е родена на кениската страна на границата меѓу Кенија и Уганда, но избра да ја претставува Уганда за да ги оствари своите соништа во атлетиката. Во 2008 година, таа се приклучи на Националните одбранбени сили на Уганда и се искачи до чинот наредник.

Оваа година таа се натпреваруваше на Олимписките игри во Париз. Иако на маратонот заврши на 44. место, луѓето во нејзиниот роден град ја нарекоа шампионка. Живеела во Чепкум, село во Кенија на околу 25 километри од границата со Уганда.

Тоа е рурална област чија основна стопанска дејност е земјоделството. Жителите се занимаваат и со сточарство, а вообичаено е да се видат крави, кози и овци како пасат во близина на куќите.

Нејзината поранешна соученичка рече дека Чептегеј се натпреварувала на Олимпијадата за да се извлече од конфликтот со нејзиниот поранешен партнер што започна минатата година. "Тие живееја заедно, но минатата година почнаа да се караат за пари. Тој сакаше да знае каде одат сите пари што таа ги заработи", рекол нејзиниот брат Џејкоб.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk