Нетанјаху е подготвен на историска отстапка- му нуди на Ајзенкот прв да стане премиер на Израел

Vecer | 28.11.2026

Нетанјаху е подготвен на историска отстапка- му нуди на Ајзенкот прв да стане премиер на Израел
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Тој рече дека е подготвен да го напушти принципот најголемата партија да ја води владата, соочен со она што го опиша како егзистенцијални закани за Израел.

„Ликуд под мое водство е убедливо најголемата партија во земјата - има четвртина милион повеќе гласови од партијата на Ајзенкот. Би било природно за мене да водам влада на национално единство или, барем, прво да ја преземам премиерската функција“, рече Нетанјаху во изјава, објавена од „Тајмс оф Израел“.

„Сепак, со оглед на обемот на егзистенцијалната закана и можноста за формирање влада која не е способна да се соочи со таа закана, мојата одговорност како лидер бара од мене да оставам сè настрана, вклучително и принципот најголемата партија да ја води владата, и да се согласам дека Гади Ајзенкот прво ќе биде премиер, додека јас ќе бидам заменик-премиер на почетокот на мандатот“, додаде тој.

Нетанјаху изрази очекување дека, со оглед на оваа отстапка, преговорите веднаш ќе продолжат сериозно, искрено и со забрзано темпо, со слична подготвеност од другата страна за компромис и правење отстапки.

Целта, изјави тој, е да се формира влада на национално единство која ќе ги одбие заканите и ќе ја обезбеди безбедноста и иднината на Израел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk