Тениската легенда Мартинa Навратилова повторно се вклучи во културната дебата, овој пат отворено поддржувајќи ја писателката на „Хари Потер“, Џ.К. Роулинг, и остро критикувајќи го актерот од Марвел, Педро Паскал, поради неговите коментари за трансродовите права.
Сето започна кога Паскал, ѕвезда на серијата „Мандалориецот“ и идниот „Фантастична четворка“, во интервју за списанието Vanity Fair во јуни повторно ја нападна Роулинг, нагласувајќи ја својата поддршка за својата трансродова сестра, Лукс Паскал.
„Насилниците ми се гадат. Ова е ситуација која бара најголема елеганција за да се постигне напредок.“
Оваа негова изјава беше одговор на објава на Роулинг од април, кога таа на социјалните мрежи славеше одлука на Врховниот суд на Обединетото Кралство, која потврди дека во законска смисла „жените“ се дефинираат според биолошкиот пол. Роулинг објави фотографија на која пуши пура и држи чаша виски, со опис: „Обожавам кога планот ќе успее.“
I love it when a plan comes together.#SupremeCourt #WomensRights pic.twitter.com/agOkWmhPgb
— J.K. Rowling (@jk_rowling) April 16, 2025
На таа објава Паскал реагираше остро, нарекувајќи ја одвратна и „однесување на губитник“, преку коментар кој широко се сподели на Инстаграм.
Мартинa Навратилова, како дологодишна поддржувачка на женските спортови и критичарка за учество на транс жени во женските спортски категории, ја поддржа Роулинг и преку платформата X (поранешен Твитер) му одговори на Паскал.
„Уште еден Джони што доцна се појавува, кажувајќи им на жените да замолчат“
Another Johnny come lately telling women to STFU https://t.co/nzd5MeXKC1
— Martina Navratilova (@Martina) June 29, 2025
Иако Навратилова цел живот е демократ и не е обожавател на Доналд Трамп, таа и во минатото го критикуваше својот табор дека „целосно ги изневерија жените и девојчињата“ бидејќи не ги заштитија женските спортови.
Паскал, познат по улогите во „Игра на тронови“, „Последниот од нас“ и „Мандалориецот“, наскоро ќе настапи како Рид Ричардс/Мистер Фантастик во „Фантастична четворка: Првиот чекор“ – филм кој се очекува ова лето и кој ќе го лансира како централна фигура во Марвел универзумот и во наредните „Одмаздници“.
И покрај тоа што коментарите на Паскал наидоа на поддршка кај ЛГБТ заедницата и дел од демократите, тие исто така предизвикаа критики од навивачи и од ликови како Навратилова, кои сметаат дека биолошкиот пол мора да остане клучна основа за креирање политики во спортот или затворите.
Роулинг, од своја страна, остана доследна на своите ставови и често истакнува дека борбата за правата на жените врз основа на биолошкиот пол не е трансфобична.
„Сакам да ги заштитам луѓето што ги сакам“, изјави Паскал, мислејќи на својата сестра, „но ова оди и подалеку од тоа.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата