Нападот бил насочен кон логистичка база на ОН во градот Кадугли во централниот регион Кордофан.
При нападот се ранети уште осум мировници, т.н. „сини шлемови“. Сите жртви се државјани на Бангладеш, кои служеле во Привремените безбедносни сили на ОН за Абјеи (UNISFA).
- Нападите врз мировниците на ОН може да претставуваат воени злосторства според меѓународното право, изјави Гутереш и повика да се бара одговорност од извршителите на овој „неоправдан напад“.
Суданската армија за нападот ги обвини Силите за брза поддршка – паравоена група која повеќе од две години војува со армијата за контрола врз земјата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата