logo
logo
logo

Началникот на Генералштабот на ИДФ го одобри планот за голема офанзива во Газа

Vecer | 13.08.2025

Началникот на Генералштабот на ИДФ го одобри планот за голема офанзива во Газа

„Тајмс оф Израел“ пренесува дека главниот концепт на планот за напад врз Газа бил дискутиран денеска за време на состанокот што Замир го одржал со Генералштабот на ИДФ, претставници на безбедносната служба Шин Бет и други офицери.

Исто така, главниот концепт за следните чекори во Појасот Газа бил презентиран и одобрен во согласност со упатствата на политичкото раководство, кои биле издадени за офанзивата против Хамас во градот Газа, но почетокот на нападот сè уште не е закажан.

Претходно беше објавено дека Замир бил скептичен кон планот за освојување на градот и дека имал несогласувања со министерот за одбрана Израел Кац.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk