logo
logo
logo

Мухамед е повторно најпопуларно име за бебиња родени во Англија

Vecer | 01.08.2025

Мухамед е повторно најпопуларно име за бебиња родени во Англија

На второ и трето место се Ноа и Оливер, исто како и една година претходно во 2023 година.

Оливија и Амелија се најпопуларните имиња за девојчиња трета година по ред, додека Исла падна од третото место и беше престигната од Лили, јави Би-Би-Си.

Листата на најпопуларните имиња ја објави Канцеларијата за национална статистика, која ја составува листата врз основа на податоци од матичните книги на родени.

Новите имиња што влегоа во првите 100 за девојчиња се Нора, Мила, Роза, Атена, Сара и Зои. Нови имиња за момчиња се Остин, Вини, Јахуа.

Мухамед го задржа првото место како најпопуларно машко име, со 5.721 бебиња што го добиле името. Во пет од деветте региони во Англија, Мухамед е најпопуларно, додека во Велс е на 57-мо место. На листата се најдоа и други варијации на ова име: Мохамед е на 21-во место со 1.760 момчиња, а Мохамад е на 53-то место со 986.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk