logo
logo
logo

Мигел Урибе загина по атентатот– напаѓачот му пука одзади во глава (Вознемирувачко видео)

Vecer | 11.08.2025

Мигел Урибе загина по атентатот– напаѓачот му пука одзади во глава (Вознемирувачко видео)

Атентатот се случи на 7 јуни на предизборен митинг, кога напаѓач го застрела Урибе во главата одзади.

Моментот на атентатот беше јасно снимен во видеата што во тоа време беа дистрибуирани на социјалните мрежи.

Малолетниот напаѓач бил уапсен кратко откако испукал најмалку три куршуми во правец на Урибе.

Младиот политичар веднаш е однесен во болница, каде што бил опериран поради тешко крварење во мозокот. Од атентатот до последниот ден, лекарите изјавија дека е во критична состојба. Денеска беше објавено дека им подлегнал на повредите.

Неговата сопруга, Марија, ја потврди веста за неговата смрт на социјалните мрежи.

„Секогаш ќе бидеш љубовта на мојот живот. Ти благодарам за живот полн со љубов. Почивај во мир, љубов на мојот живот. Ќе се грижам за нашите деца“, напиша Марија Клаудија Тарасона на својот Инстаграм профил. Да потсетиме, Мигел Урибе беше член на десничарскиот Демократски центар и жесток критичар на претседателот Густаво Педро. Тој се сметаше за еден од главните фаворити на опозицијата на изборите закажани за 2026 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk