logo
logo
logo

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

Vecer | 30.03.2026

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план.

Според канцеларот, во текот на „подолг рок од три години“, околу 80 проценти од Сиријците во Германија би требало да се вратат дома, нагласувајќи дека тоа била и желба на претседателот Ал Шара.

– Оние Сиријци кои сакаат да останат во Германија и кои се добро интегрирани, ќе можат да го сторат тоа - додаде Мерц.

Германија беше една од главните дестинации за сириските бегалци за време на разорната граѓанска војна, при што околу еден милион луѓе пристигнаа во земјата додека на власт беше Башар ал Асад. По неговото соборување кон крајот на 2024 година од страна на коалицијата предводена од Ал Шара, во германските конзервативни и десничарски кругови сè почести се барањата за враќање на сириските државјани во нивната татковина, посочува германската новинска агенција ДПА. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk