logo
logo
logo

Мерц и Макрон на работна вечера во Берлин за нов поттик на француско-германските односи

Vecer | 23.07.2025

Мерц и Макрон на работна вечера во Берлин за нов поттик на француско-германските односи

Вечерата во резиденцијата Вила Борзиг крај езерото Тегел има за цел подготовка на француско-германскиот министерски совет, кој треба да се одржи кон крајот на август во Франција. Фокусот ќе биде ставен на европската конкурентност, безбедност и одбранбени политики, како и на економски и социјални реформи.

Ова ќе биде прва посета на Макрон на Германија откако Мерц ја презеде функцијата на 6 мај. Веќе ден по изборот, Мерц отпатува во Париз за да најави „нов почеток“ во француско-германските односи, кои беа нарушени за време на мандатот на неговиот претходник Олаф Шолц.

Двајцата лидери сега имаат цел да го зацврстат моментумот и да ја продлабочат соработката „на сите нивоа“, посочува ДПА.

На агендата се наоѓаат прашања како зголемување на европската автономија од САД и можноста за создавање европски нуклеарен штит – идеја кон која Шолц беше скептичен.

Иако има согласност за потребата од посилна Европа, постојат разлики. Париз се залага за заедничко задолжување на ниво на ЕУ за финансирање на одбранбената индустрија, што Берлин одбива. Франција, исто така, ја поддржува нуклеарната енергија, додека Германија целосно ја укина.

Разлики има и во заедничкиот проект за воздушен борбен систем FCAS со Шпанија, каде двете страни се разидуваат околу распределбата на улогите. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk