logo
logo
logo

Макрон телефонски разговарал со Пезешкијан: Иран никогаш не смее да има нуклеарно оружје

Vecer | 21.06.2025

Макрон телефонски разговарал со Пезешкијан: Иран никогаш не смее да има нуклеарно оружје

Во објава на мрежата Икс, Макрон рече дека Франција и нејзините европски сојузници ќе „ги забрзаат преговорите“ за нуклеарната програма на Иран.

Францускиот претседател рече дека во разговорот со својот ирански колега, ја пренел својата „длабока загриженост поради нуклеарната програма на Иран“.

Како што рече, Пезешкијан го повикал, а тој прво го повторил своето барање дека „мора да бидат ослободени“ француските државјани Сесил Колер и Жак Пари, кои беа уапсени во мај 2022 година под обвинение за учество во протестите на иранските наставници. 

„Нивното нехумано затворање е неправедно. Чекам да се вратат во Франција. Исто така, ја изразив мојата длабока загриженост за нуклеарната програма на Иран. И еве повторно барам: Иран никогаш не смее да има нуклеарно оружје и од него зависи давањето гаранции дека неговите намери се мирни“, рече Макрон.

Тој истакна дека е убеден „дека постои излез“ од војната на Иран со Израел, како и можноста за „избегнување на поголеми опасности“.

„За да го постигнеме тоаа, ќе ги забрзаме преговорите што ги започнаа Франција и нејзините европски партнери со Иран“, додаде Макрон. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk