logo
logo
logo

Макакр во училиште во Канада, најмалку 10 убиени, 25 ранети

Vecer | 11.02.2026

Макакр во училиште во Канада, најмалку 10 убиени, 25 ранети

 Најмалку 10 луѓе се убиени, а 25-мина се ранети откако жена отворила оган во средно училиштето во Тамблер Риџ. според локалните власти, во училиштето се пронајдени седум мртви тела, меѓу кои и осомничената жена, чиј идентитет не се откриува,  а која си пресудила по убиствата. осмата жртва починало на пат кон болницата, а уште две безживотни тела се пронајдени во објект недалеку од училиштето Властите велат дека во интерес на истрагата, нема да споделат детали за жртвите.

-Тие (полицијата) беа на местото на настанот за две минути и нивната брза реакција да пристигнат до училиштето значи дека разорната трагедија беше спречена да стане значително полоша.Во моментов се контактираат семејствата, роднините и нивните најблиски. Во овој момент не можеме да споделиме никакви детали околу оние што загинаа,- -Дејвид Еби - Премиер на провинцијата Британска Колумбија.

Еден од сведоците кој бил во училиштето вели дека бил во една од училниците пред да го слушне алармот кој претходно никогаш не го слушнал. Сведочи дека директорката од ходникот почнала да вика да се затворат и заклучат сите врати.

-Ги барикадиравме вратите со железни табли и седевме во таа просторија околу два часа. Јас разговарав со мајка ми целото тоа време. Бевме заклучени околу 2 часа и 30 минути. Бев далеку бидејќи бев на левото крило од училиштето, па не слушнав ништо. Слушнав само неколку работи од моите соученици. Тие можеби слушнале истрели додека го возеа камионот за да биде поправен. -Дариан Квист – Сведок.

Од канцеларијата на канадскиот премиер, Марк Карни објавија дека премиерот поради настанот го откажал патувањето на Минхенската безбедносна конференција. Тој се огласи со статус на социјалните мрежи изразувајќи сочувство до фамилиите.

Овој напад е еден од најсмртоносните во поновата историја на Канада. Последно вакво имаше во 2020 година кога беа убиени 22 лица за 12 часа од страна на забар облечен како полицаец.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk