logo
logo
logo

Куба најави економски реформи по модел на Кина и Виетнам

Vecer | 13.06.2026

Куба најави економски реформи по модел на Кина и Виетнам

Куба објави планови за реформа на својата економија по примерот на социјалистичките пазарни економии на Кина и Виетнам, при што претседателот Мигел Дијаз-Канел изјави дека планираното отворање ќе овозможи поголемо учество на приватниот сектор на местото на силно државно контролираната планска економија.

Тој рече дека се планирани и измени во земјоделскиот сектор, како и реструктурирање на државниот апарат. Покрај тоа, некои економски активности кои претходно беа забранети за приватните бизниси во иднина ќе бидат дозволени, но не соопшти дополнителни детали. Владата на САД го зголеми економскиот притисок врз Куба во изминатите месеци преку серија санкции, со цел да изнуди политички и економски реформи на островот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk