logo
logo
logo

Кремљ за земјотресот: Се покажа дека зградите се отпорни

Vecer | 30.07.2025

Кремљ за земјотресот: Се покажа дека зградите се отпорни

- Сите системи за предупредување беа активирани веднаш, а беше организирана евакуација на луѓето од областите од кои требаше да бидат евакуирани поради цунами, истакна Песков.

- Генерално, зградите се покажаа отпорни на земјотрес. Фала му на Бога, нема жртви, па затоа технолошката подготвеност се докажа и беше на високо ниво, нагласи тој.

Земјотрес со јачина од 8,8 степени по Рихтеровата скала го погоди полуостровот Камчатка на рускиот Далечен Исток, предизвикувајќи цунами и евакуации на Хаваите и низ Тихиот Океан. Земјотресот оштети згради и повреди неколку луѓе во оддалечениот руски регион.

- Денешниот земјотрес беше сериозен и најсилен во последните десет години, напиша гувернерот на Камчатка на Телеграм. Руските научници тврдат дека станува збор за најсилниот земјотрес во регионот од 1952 година.

Руското министерство на истата платформа објави дека е оштетена градинка, но дека повеќето згради го издржале потресот.

Данила Чебров, директорката на геолошката служба за Камчатка, изјави дека интензитетот на земјотресот не бил толку силен поради „одредени карактеристики на епицентарот“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk