logo
logo
logo

Кошта за царините на САД: ЕУ е подготвена да ги заштити своите интереси

Vecer | 12.07.2025

Кошта за царините на САД: ЕУ е подготвена да ги заштити своите интереси

Европската Унија „останува цврста, обединета и подготвена да ги заштити“ своите интереси, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, како одговор на објавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на стоки од ЕУ.

- Царините се даноци. Тие ја поттикнуваат инфлацијата, создаваат неизвесност и го попречуваат економскиот раст. Ќе продолжиме да градиме силни трговски партнерства ширум светот, рече Кошта, пренесува Ројтерс.

Трамп претходно денеска соопшти дека од 1 август ќе стапат во сила царини во висина од 30 отсто на сета стока што се увезува од земјите на Европската Унија, како и од Мексико.

Тој на својот профил на мрежата Truth Social објави копии од писмата што ги испратил до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и до претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk