logo
logo
logo

Колкави се шансите за дипломатски исчекор за крај на кризата на Блискиот Исток?

Vecer | 25.05.2026

Колкави се шансите за дипломатски исчекор за крај на кризата на Блискиот Исток?

Се очекува наскоро да се договори општата рамка за преговори меѓу Иран и САД како клучен развој во тековните дипломатски напори меѓу двете земји во насока на ставање крај на тримесечниот конфликт и кризата на Блискиот исток.  Според државниот секретар на САД – Марко Рубио, Ормускиот теснец и нуклеарните прашања се клучни меѓутоа засега се неодговорени од Иранската страна, притоа потенцирајќи дека на дипломатијата ќе и се даде шанса но остануваат и како што рече „други алтернативи„.

„Сè уште има работа во тек. Мислевме дека можеби ќе имаме некои вести синоќа, можеби денес, не би навлегувал премногу во тоа, потребно е време да чуеме одговор. Имаме нешто што мислам дека е прилично солидно на маса во однос на нивната способност да го отворат теснецот, да влезат во многу реални, отворени, значајни, временски ограничени преговори за нуклеарните прашања.“

Иран не се согласува управувањето со Ормускиот теснец да биде дел од договорот, соопшти портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи. Тој исто така рече дека засега не се дискутираат ни нуклеарните прашања. 

„Овој воден пат може да биде од корист за сите земји во светот во однос на безбедната трговија и поморскиот сообраќај. Сепак, како резултат на ционистичката агресија на САД врз Иран, бидејќи овој конкретен Ормутски теснец беше искористен за напади врз земја која е членка на Обединетите нации, правиме сè што можеме, во согласност со меѓународното право, за да постигнеме законска динамика за управување со сообраќајот на овој воден пат.“

Според светските медиуми, очекувањата не се многу високи наскоро да се постигне почетен договор што би овозможил понатамошни преговори. САД и Израел го опишаа договорот како „меморандум за разбирање„ додека пак, иранските медиуми тврдат дека Техеран се однесува со голема недоверба кон САД и нивната подготвеност да ги почитуваат преговорите, што значи дека договорот може во секој момент да биде откажан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk