logo
logo
logo

Кина изрази подготвеност за поголема соработка со САД на престојните трговски разговори во Стокхолм

Vecer | 23.07.2025

Кина изрази подготвеност за поголема соработка со САД на престојните трговски разговори во Стокхолм

Двете најголеми светски економии претходно си воведоа високи царини, што предизвика загриженост во глобалните економски и финансиски кругови, сè до постигнувањето на привремено примирје.

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, вчера потврди дека следната недела ќе се сретне со своите кинески колеги во шведската престолнина, со цел да се продолжи договорот што во моментов важи до средината на август.

- Кина се надева дека ќе соработува со САД врз основа на еднаквост, заемно почитување и корист за двете страни, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Го Цијакун, на прес-конференција во Пекинг.

- Ќе градиме консензус, ќе ги намалиме недоразбирањата, ќе ја зајакнеме соработката и ќе придонесеме за стабилен, здрав и одржлив развој на кинеско-американските односи, додаде тој.

Според Бесент, темите на разговор ќе опфатат широк спектар, вклучително и прашањето за кинеските нарачки на руска и иранска нафта, кои се предмет на американски санкции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk