logo
logo
logo

Хамас го прифати предлогот за прекин на огнот во Газа

Vecer | 18.08.2025

Хамас го прифати предлогот за прекин на огнот во Газа

Функционерот не даде дополнителни детали.

Извор од Хамас изјави за катарската телевизија Ал Џезира дека Хамас ги информирал медијаторите дека прифатил предлог за прекин на огнот и ослободување на заложниците, кој му бил доставен вчера.

Според претходниот извештај на катарската телевизија Ал Араби, како што објави „Тајмс оф Израел“, ова била ревидирана верзија на последниот одговор на Хамас во преговарачката рунда, кој се однесувал на рамковен договор за 60-дневен прекин на огнот.

Сепак, саудиската телевизија Ал Арабија објави дека предлогот претставува компромис помеѓу целосно прекин на огнот - што значи крај на војната - и привремено примирје, кое вклучува ослободување на заложниците и постепено повлекување на Израелските одбранбени сили од Газа.

Саудиската телевизија Ал-Хадат објави, повикувајќи се на палестински извор, дека Хамас го прифатил предлогот поднесен од медијаторите без никаков коментар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk