logo
logo
logo

Катар: Контактите со Хамас даваат резултати

Vecer | 07.12.2025

Катар: Контактите со Хамас даваат резултати

Катар е домаќин на политичкото биро на Хамас.

- Сега видовме дека оваа комуникација донесе прекини на огнот, ослободување на заложници и олеснување на страдањата на луѓето таму – изјави катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман на Доха форумот, годишен дипломатски собир во катарската престолнина.

Тој додаде дека контактите меѓу Катар и Хамас започнале пред 13 години на барање на САД.

Со години, САД се потпираат на Катар како посредник во конфликтите со Хамас, како и со авганистанските талибанци.

Катар, заедно со Египет и САД, веќе месеци посредува во конфликтот во Газа меѓу Хамас и Израел.

Катарскиот премиер денеска ги негираше тврдењата дека богатата заливска држава го финансирала Хамас.

– Помошта и финансиите за кои тврдат дека отишле кај Хамас, всушност, беа наменети за (народот на) Газа, преку многу транспарентен процес појасни тој.

Според премиерот, САД биле запознаени со ова, а Израел дури и ги олеснил уплатите.

Катар со години го финансира Појасот Газа, обезбедувајќи средства за гориво, реконструкција, плати во јавниот сектор и хуманитарна помош.

Во септември, израелски авиони извршија напад врз станбена област во Доха, таргетирајќи лидери на Хамас.

Во нападот загинаа шест лица, меѓу кои и катарски безбедносен офицер.

Овој преседан предизвика гнев во Доха и глобални осуди, вклучително и ретка критика од американскиот претседател Доналд Трамп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk