logo
logo
logo

Ирачки Карбала преполн со верници за обележување на Ашура

Vecer | 06.07.2025

Ирачки Карбала преполн со верници за обележување на Ашура

Десетици илјади верници ја преполнија Карбала оваа недела, учествувајќи на големото одбележување на Ашура – денот кога шиитските муслимани ја чествуваат жртвата на Имам Хусеин, внукот на пророкот Мухамед.

Облечени во црно, мажи, жени и деца се собираа околу светите гробишта на Имам Хусеин и неговиот брат Абас, каде изведуваа традиционални ритуали на жалост – удирање по градите, рецитирање елегии и тажни повици.

Верници во Карбала за време на Ашура
Верници во Карбала за време на Ашура

Годишното аџилак-патување во Карбала се смета за еден од најголемите и најважните верски настани во шиитскиот свет.

Ашура носи посебен религиозен и историски карактер за шиитите, бидејќи потсетува на Битката кај Карбала од 680 година, кога Имам Хусеин и неговите најблиски беа убиени од страна на Омејадскиот калифат, откако тој одбил да се покори пред авторитетот на тогашниот калиф. Овој трагичен настан ја зајакна поделбата меѓу сунитскиот и шиитскиот ислам.

Верници во традиционални обреди на жалост
Верници во традиционални обреди на жалост

За следбениците на шиизмот, Ашура претставува симбол на отпор против тиранијата и борба за праведност.

Оваа година, одбележувањето се одвива во сенка на засилени тензии на Блискиот Исток, по неодамнешниот конфликт меѓу Израел и Иран, заминувањето на сирискиот претседател Башар ал-Асад и смртта на лидерот на либанската група Хезболах, Хасан Насрала.

Обреди во Карбала – Ашура 2025
Обреди во Карбала – Ашура 2025

Иако Ашура е пред сѐ религиски празник, дел од собраните во Карбала извикуваа пароли против САД и Израел. По улиците беа истакнати и транспаренти со поддршка за т.н. „Оса на отпорот“ – сојуз од проирански групации и влади низ регионот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk