logo
logo
logo

Јапонија и Филипини во обид да ја сопрат поморската експанзија на Кина

Vecer | 06.07.2025

Јапонија и Филипини во обид да ја сопрат поморската експанзија на Кина

Весникот повикувајќи се на неименувани владини извори наведе дека планот за извоз вклучува шест разорувачи од класата „Абукума“ кои се во служба во Јапонските поморски сили за самоодбрана повеќе од три децении.

Токио и Манила тврдат дека се соочуваат со предизвици од сè поагресивните акции на Пекинг во Јужно Кинеско Море за Филипини и Источно Кинеско Море за Јапонија.

Јапонија и Филипини минатата година потпишаа договор за меѓусебен пристап, со кој се дозволува стационирање на сили на територијата на другата држава.

Разорувачот од класата „Абукума“ е релативно мал тип воен брод од 2.000 тони, со екипаж од околу 120 лица и вооружен со противподморнички и противбродски ракети, торпедни цевки и топови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk