logo
logo
logo

Израелски рабин протестира во кафез пред Кнесетот, барајќи ослободување на сите заложници од Газа

Vecer | 06.07.2025

Израелски рабин протестира во кафез пред Кнесетот, барајќи ослободување на сите заложници од Газа

Израелскиот рабин Авидан Фридман во знак на протест се заклучи во транспарентен кафез поставен пред парламентот во Ерусалим. Тој планира да остане внатре 50 часа — симболично по еден час за секое лице што сè уште е заложник во Газа. Овој потег доаѓа период кога израелскиот премиер се подготвуваше за важни разговори во Вашингтон во врска со можен прекин на огнот во регионот.

Нема никаква оправдана причина семејствата на заложниците да поминуваат уште милиони секунди во неизвесност, кога договoр за ослободување постои, но не ги враќа сите. Секој треба да биде вратен дома сега.

Според израелски извори, бројката на лица што остануваат во заробеништво во Газа се движи околу 50, а се претпоставува дека помалку од половина од нив се уште се живи.

Рабин во кафез пред Кнесетот
Рабин во кафез пред Кнесетот

Од страна на САД е предложен времен прекин на огнот од 60 дена, преку кој дел од заложниците би биле ослободени со цел да се овозможи поголема хуманитарна помош за страдалничкото население во Газа. Овој план се гледа како основа за натамошни преговори кои имаат за цел да доведат до крај на повеќе од година и пол долг конфликт во регионот.

Планот би претставувал основа за преговори за целосен крај на 21-месечната војна.

Ако беше можно да се прекине огнот и со други непријатели, како Хезболах и Иран, тоа мора да биде возможно и во случајот со Газа. Мировниот процес мора да опфати враќање на сите заложници, олеснување на страдањата на цивилите и прекин на човечките загуби меѓу израелските војници, кои, според него, "умираат без јасна цел".

Воените дејства започнаа во октомври 2023 година, кога по нападот на Хамас врз Израел, при што загинаа околу 1.200 луѓе а 251 беа киднапирани, следеше масовна воена интервенција во Газа. Податоците на локалното Министерство за здравство проценуваат дека над 57.000 Палестинци го загубиле животот, од кои многу се жени и деца. Важно е да се напомене дека ова Министерство е под контрола на Хамас и не прави разлика помеѓу цивили и борци.

Протестна акција во Ерусалим
Протестна акција во Ерусалим

Акцијата на рабин Фридман пред Кнесетот привлече значително внимание и од јавноста и од медиумите, одразувајќи ја зголемената загриженост и притисокот врз властите за итно решавање на драмата со заложниците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk