Обидите на Израел да воспостави нова инфраструктура за дистрибуција на хуманитарна помош во Појасот Газа се соочуваат со сериозни пречки и неуспеси.
Палестинците во обид да стигнат до точките за помош честопати се изложени на смртоносна опасност - дел се застрелани, а дел прегазени од маси луѓе. За жал, засега ниту една страна нема јасен план како да се запре оваа трагедија. Поголемиот дел од жртвите се регистрирани блиску до центри на Фондацијата за хуманитарна помош во Газа (GHF), организација поддржана од Израел и САД.
Според палестинското Министерство за здравство, во неделата се убиени околу 73 луѓе кога израелските сили отвориле оган врз Палестинци во близина на еден центар на GHF во северна Газа. Само ден претходно имаше масакр и на југот со повеќе од 30 жртви. Овие податоци се објавуваат од извор за кој Израел тврди дека е блиско поврзан со Хамас, што ја намалува довербата во извештаите.
Известувањето за настаните во последните недели е оптеретено со спротивставени изјави, недостиг на визуелни докази и хаос околу неефикасниот систем за дистрибуција на помош. Неможноста да се постигне целта на распределба на помошта ја продлабочува кризата.
Напоротите на израелската армија да обезбеди безбедна дистрибуција се често нефункционални и слабо организирани. Се забележува мал напредок, но критиките за првичниот хаос се оправдани.

Претходно системот за дистрибуција беше контролиран од Обединетите нации, за што израелскиот аналитичар тврди дека претставувал ресурс за Хамас. Хамас има интерес да не се менува статус-квото, па не е подготвен да дозволи нови организации да го водат процесот.
GHF е формирана како алтернатива на ОН агенциите кои долги години ја распоредуваат хуманитарната помош за Палестинците, меѓу кои и Програмата за светска храна и Агенцијата за помош на бегалци (UNRWA).
Поддржувачите на Израел сметаат дека програмите на ОН се компромитирани од Хамас и нивното враќање би значело поддршка на оваа група, засилувајќи ја нејзината контрола врз населението во Газа.
Дел од овие обвинувања имаат основа. Најмалку 19 вработени во UNRWA беа обвинети дека помогнале во нападите на 7 октомври 2023, што резултираше со над 1.200 загинати Израелци и го предизвика сегашниот конфликт. Поради тоа, повеќе држави времено ги прекинаа нивните донации.
UNRWA потврди минатата година дека познат командант на Хамас, инволвиран во нападите, бил вработен во агенцијата од 2022 година.
Меѓутоа, сè поголемиот број вооружени инциденти во магацините на GHF и трагедиите на дистрибутивните места создадоа дополнителни контроверзии и меѓународна осуда и кон новиот систем.
Се соочуваме со меѓусебно спротивставени наративи, како и пропаганда и официјални соопштенија. Овде сведоштвата ги даваат или Министерството за здравство на Газа, што е под контрола на Хамас, или израелската страна.
ОН, од своја страна, тврдaт дека повеќе од 1.000 луѓе во Газа загинале обидувајќи се да добијат хуманитарна помош, врз основа на податоци од медицински и хуманитарни организации.

До 21 јули регистриравме 1.054 лица загинати додека се обидувале да пристапат до храна во Газа, од кои 766 блиску до пунктови на GHF и 288 во близина на конвои на ОН и други хуманитарни организации.
Новинарите во Газа ризикуваат сè повеќе, што го претвора регионот во информациски вакуум.
Не располагаеме со доволно конкретни податоци бидејќи ОН нема целосна слика, а и самата Газа е една од најопасните области за новинарство. Тешко е да се верува на која било статистика.
Сведоци на масакрите изминатиот викенд тврдат дека израелската армија пукала во толпата кога луѓето трчале кон пунктовите со помош.
Израелската армија признава неколку случаи кога нејзини војници биле принудени да испукуваат „предупредувачки истрели“ бидејќи Палестинци не сакале да се повлечат, но негираат намерно пукање врз цивили.
Од друга страна, од GHF дел од инцидентите ги признаваат, а дел ги демантираат. Организацијата наведува дека добиле и закани за животите на хуманитарните работници.
Организациите блиски до Хамас го обвинуваат Израел дека ги третира цивилите како борци и не ги признава воените злосторства.
Правилата за однесување на израелската армија се олабавени по нападите на 7 октомври 2023, со што командантите имаат повеќе слобода да напаѓаат и цели со понизок приоритет за кои се претпоставува дека се поврзани со Хамас.

Израел ја обвинува администрацијата на Хамас дека ја преувеличува бројката на жртвите, користејќи ги цивилните смртни случаи за да предизвика меѓународно незадоволство.
Армијата на Израел, исто така, обвинува дека Хамас намерно ги поставува борците и оружјето меѓу цивили и станбени објекти, користејќи го населението како 'жив штит', а смртните случаи ги претвора во политичко оружје.
Ситуацијата е навистина ужасна – Хамас и понатаму го користи населението како штит, но и израелската армија не успева адекватно да ги заштити цивилите при распределба на помошта.
Иако мислењата за причините и мотивите зад пукањата се разликуваат, сите се согласуваат дека системот за помош е неспособен да одговори на потребите на населението.
Израелските војници секојдневно гинат во борби со Хамас. Кога толпа им приоѓа, не можат да знаат дали меѓу нив има вооружени борци. Израел и САД се обидуваа, но не успеаја да постават ефективен систем за раздвојување на цивили и потенцијални закани.
Недостасува видео документација за активностите на GHF, а поголема транспарентност би можела да му помогне на Израел да ги побие тврдењата дека „предупредувачките истрели“ се намерно упатени кон цивили.
Ако веќе имате четири главни пунктови за распределба, зошто не ги покриете и со камери или дронови за соодветен надзор?
GHF тврди дека се обиделе да понудат партнерство со ОН за заедничко распределување на помошта, но дека нивниот предлог бил одбиен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата