logo
logo
logo

Израел го убил премиерот на хутската влада во воздушен напад врз Јемен

Vecer | 29.08.2025

Израел го убил премиерот на хутската влада во воздушен напад врз Јемен

 Израел досега не го потврдил ова. Јеменските медиуми објавија дека хутскиот премиер Ахмед Ал-Рахави загинал во израелски напад врз станбена зграда, при што загинале и неколкумина негови блиски соработници. Ова наводно бил одвоен напад од оној чија мета биле десетмина хутски министри кои биле собрани на локација надвор од сана за да го слушаат говорот на лидерот на хутите Абдул Малик Ал-Хути.  Меѓу нив биле и министерот за одбрана и шефот на војската на хутите. Израелската телевизија „Канал 13“ вчера цитираше неименувани извори дека „нападите биле успешни и дека е елиминиран целиот владин и воен врв на хутите“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk