logo
logo
logo

Израел го одобри планот за преземање на градот Газа

Vecer | 20.08.2025

Израел го одобри планот за преземање на градот Газа

Планот му беше презентиран од началникот на Генералштабот Ејал Замир и високото воено раководство.

На состанокот присуствуваа и заменик-началникот на Генералштабот Тамир Јадај, раководителите на военото разузнавање, воените операции, координацијата на владини активности во териториите, како и претставници на службата за безбедност Шин Бет.

Операцијата се смета за продолжение на „Кочиите на Гидеон I“. За потребите на подготовката, армијата испратила околу 50.000 нови покани за резервисти, покрај веќе мобилизираните. Подготвени се и планови за евакуација на цивили од јужниот дел на градот, со цел изолација на борците на Хамас.

„Оперативното планирање продолжува како и обично. Решени сме да ја спроведеме одлуката на кабинетот за преземање на градот Газа, освен ако не биде претставена рамка што предвидува ослободување на сите заложници и крај на војната под условите поставени од премиерот,“ изјави висок израелски функционер за „Вашингтон пост“.

Одобрувањето на планот доаѓа и покрај тоа што Хамас поддржа предлог за ослободување на 10 заложници во замена за двомесечно примирје. Израелските власти сигнализираа дека ќе одбијат бидејќи предлогот не се однесува на сите 50 заложници. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk