logo
logo
logo

Ишиба: Јапонија ќе ги продолжи трговските преговори со САД

Vecer | 08.07.2025

Ишиба: Јапонија ќе ги продолжи трговските преговори со САД

Неговата изјава уследи како одговор на писмата од американскиот претседател Доналд Трамп, во кои ги предупредува Јапонија и Јужна Кореја дека ќе воведе за царини од 25 проценти доколку не постигнат договор со Вашингтон до 1 август.

Иако Јапонија и САД досега не успеаја да постигнат договор, постигнат е одреден напредок во разговорите, што му помага на Токио да избегне зголемување на американските царини за 30 до 35 проценти, како што неодамна навести Трамп, истакна Ишиба.

Трамп синоќа потпиша извршна наредба со која се пролонгира стапувањето во сила на така наречените реципрочни американските царини до 1 август. Претходниот рок за завршување на трговските преговори за царините беше до денеска. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk