„До иранските лидери, кои наскоро ќе преговараат со моите претставници: би бил многу благодарен ако ги ослободите овие жени. Сигурен сум дека тие би го ценеле тоа.
Ве молам не им наштетувајте! Тоа би бил одличен почеток на нашите преговори!!! Ви благодарам за вашето внимание на ова прашање. Претседателе ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, порача американскиот претседател на својата платформа Truth Social.
Одговорот на Иран стигна набргу. Иранското судство негира дека жените се соочуваат со егзекуција, откако Доналд Трамп претходно побара помилување за нив.
„Трамп повторно е заведен од лажни вести“, објави официјалната веб-страница на судството Mizan Online. „Жените за кои се вели дека се соочуваат со егзекуција...Некои веќе се ослободени, додека други се соочуваат со обвиненија кои, доколку бидат осудени, би можеле да резултираат со затворски казни, во најлош случај“, се вели во нивната објава.
Имињата на жените не се познати
Трамп на социјалните мрежи изјави дека нивното ослободување би можело да му користи на Иран во преговорите, споделувајќи активистичка објава во која се тврди дека осум жени чекаат егзекуција со бесење.
Тврдењето не ги вклучуваше имињата, кои не беа објавени во медиумите, ниту деталите за причините зошто ќе бидат егзекутирани, но вклучуваше фотографии од жените.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата