logo
logo
logo

Иран ги повикува САД да го признаат поразот, Трамп: Малку поскапиот бензин е мала цена за безбедноста

Vecer | 15.08.2026

Иран ги повикува САД да го признаат поразот, Трамп: Малку поскапиот бензин е мала цена за безбедноста

 „Овој теснец ќе се отвора и затвора само под иранска команда, и сè додека не ја прифатите реалноста на поразот и не престанете да се препуштате на фантазии, Иран ќе продолжи да ја спроведува блокадата“, објави денес рано наутро на платформата „Икс“ (X) заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади.

Министерот за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека Иран не донел одлука за продолжување на преговорите со САД.

Во интервју објавено денес во Иран, тој рече дека Вашингтон мора да ги исполни условите поврзани со теснецот за да може да продолжи пловидбата по овој воден пат, преку кој пред војната се транспортираше една петтина од светската нафта.

Трамп ги повика Американците да прифатат малку повисоки цени на бензинот додека трае конфликтот со Иран. Вчера, на политички собир во Гарден Сити, Њујорк, тој изјави дека плаќањето „малку повеќе за гориво“ е оправдана цена за да се осигури дека една „многу злобна земја“ нема да дојде до нуклеарно оружје – што тој го наведе како една од причините за војната.

Според податоците на Американската автомобилска асоцијација, во рамките на трендот што ја поттикна инфлацијата и ги разочара гласачите, просечната цена на галон бензин во САД вчера изнесуваше околу 4,08 долари, што претставува зголемување од 29% во споредба со претходната година.

Трамп, кој е републиканец, ја водеше својата кампања за реизбор ветувајќи намалување на трошоците за енергија, додека демократите настојуваат последиците од војната да ги претворат во клучна тема на ноемвриските избори за Конгресот. „Ормускиот теснец не може да се окупира со твит или со носач на авиони, ниту пак со издавање наредба или одржување предизборен говор“, изјави Харибабади.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk