logo
logo
logo

Хезболах нема да се разоружа додека Израел не се повлече од јужен Либан

Vecer | 06.07.2025

Хезболах нема да се разоружа додека Израел не се повлече од јужен Либан

Хезболах нема намера да се откаже од оружјето додека Израел не изврши целосно повлекување од јужен Либан и не ги запре своите воздушни напади, изјави лидерот на движењето Наим Касем.

Отпорот е нужен за заштита на нашиот народ од нападите на Израел. Нема да се разоружаме додека не престане агресијата и не се заштитат либанските граѓани.

Наим Касем

Оваа година, чествувањето на шиитскиот празник Ашура се одвива под сенката на неодамнешните судири меѓу Хезболах и Израел, кои беа прекинати по американско посредување во ноември минатата година.

Во текот на конфликтот, израелските сили уништија дел од вооружувањето на Хезболах и го загубија неговиот поранешен водач Хасан Насрала.

И покрај прекинот на огнот, Израел сѐ уште контролира неколку стратешки точки долж границата со Либан и продолжува со речиси секојдневни воздушни напади. Според податоците на либанското Министерство за здравство, од почетокот на војната животот го загубиле околу 250 лица, а за време на судирите бројот на загинати надмина 4.000.

Оваа изјава на Касем доаѓа во пресрет на посетата на американскиот претставник Том Барак, кој треба да ја претстави иницијативата за разоружување на Хезболах и целосно повлекување на израелските сили од регионот.

Либан се соочува со историска можност да ги надмине сектарските поделби и да постигне единство – да биде една земја со еден народ и една армија.

Том Барак

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk