logo
logo
logo

Градоначалникот на Истанбул, Имамоглу, осуден на една година и осум месеци затвор

Vecer | 16.07.2025

Градоначалникот на Истанбул, Имамоглу, осуден на една година и осум месеци затвор

Судот го прогласи Имамоглу за виновен за „јавна навреда на државен службеник при извршување на службените овластувања“ – конкретно, на обвинителот на Истанбул, Акн Гурлек – како и за „закана“. Тој доби казна од една година, пет месеци и 15 дена за навредата и уште два месеца и 15 дена за заканата. Обвинението за „поттикнување против учесници во борбата против тероризмот“ беше отфрлено.

Имамоглу, кој е еден од главните политички ривали на претседателот Реџеп Таjип Ердоган, беше уапсен на 19 март под обвиненија за корупција. Судот на 23 март ја продолжи мерката притвор, а неколку дена подоцна Градскиот совет на Истанбул го суспендираше од функцијата.

На рочиштето присуствуваа неговиот адвокат, лидерот на опозициската Републиканска народна партија (CHP), Oзгур Oзел, локални партиски функционери, пратеници и неговата сопруга.

И покрај правните проблеми, Имамоглу беше прогласен за официјален претседателски кандидат на CHP за изборите во 2028 година. Меѓутоа, анулирањето на неговата универзитетска диплома во март ја доведува во прашање неговата можност за кандидатура.

Неговото апсење предизвика масовни протести, кои се оценуваат како најголеми во Турција од 2013 година наваму. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk