logo
logo
logo

Германија и Франција со заеднички совет за економија и безбедност

Vecer | 29.08.2025

Германија и Франција со заеднички совет за економија и безбедност

Средбата е прва во ваков формат по промената на владата во Берлин годинава. Синоќа двајцата лидери имаа неформална средба во летната резиденција на Макрон, Форт де Брегансон.

Макрон изјави дека по години затегнати односи со поранешниот канцелар Олаф Шолц, соработката со Мерц претставува нов почеток. - Верувам дека француско-германскиот тандем сега е совршено усогласен за изградба на посилна Европа во економијата, трговијата и монетарната политика, потенцираше Макрон.

Мерц, пак, нагласи дека „Германија и Франција играат централна улога во Европската Унија и на континентот“.

Состанокот се одржува во време на политичка криза во Франција, каде премиерот Франсоа Бајру на 8 септември ќе побара доверба во парламентот, со можност владата да падне.

Подоцна во текот на денот ќе се одржи и француско-германски Совет за одбрана и безбедност, на кој ќе се разговара за европско производство на оружје и заеднички одбранбени проекти. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk