logo
logo
logo

Француската полиција заплени над 1,3 тони кокаин- проценетата вредност е 40 милиони евра

Vecer | 15.08.2025

Француската полиција заплени над 1,3 тони кокаин- проценетата вредност е 40 милиони евра

Заплената е извршена на 10 август, кога камион што доаѓал од Шпанија бил запрен на автопатот А63 во близина на Бордо, објавува „Ле Фигаро“.

Под товарот, полицијата пронашла 1.345 килограми кокаин расфрлан во десетици вреќи скриени во дрвени кутии.

Истрагата, според „Ле Фигаро“, започнала на почетокот на јули, кога Одделот за истраги во Бордо добил доверливи информации дека камионот се користел за транспорт на дрога помеѓу Шпанија и Франција.

Проценетата пазарна вредност на запленетата дрога е помеѓу 30 и 40 милиони евра, доколку се продава на црниот пазар, изјави полковник Кристел Тарол, раководител на Националната истражна единица (УНИ) на француската жандармерија.

Возачот на камионот, 36-годишен Шпанец, бил уапсен и обвинет за увоз, поседување, транспорт и продажба на дрога во рамките на организирана криминална група, како и за членство во криминална организација.

„Оваа заплена, една од најголемите во департманот Жиронда, укажува на загрижувачки развој на рутата за увоз на кокаин во Европа преку јужна Шпанија и Португалија“, рече обвинителот Рено Годел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk