Египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати имаше одделни телефонски разговори за предлозите за регионална деескалација со американскиот претставник Стив Виткоф и регионалните колеги, вклучувајќи го и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, соопшти денеска египетското министерство.
Египет, Турција и Пакистан се вклучија во активно посредување во кризата на Блискиот Исток, а Исламабад неодамна беше домаќин на состанок за деескалација на тензиите во регионот и предлози за повторно отворање на Ормуската Теснина.
Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси го повика американскиот претседател Доналд Трамп кон крајот на март да помогне во запирањето на војната на Блискиот Исток и предупреди дека стравувањата од зголемување на цените на нафтата над 200 долари за барел не се претерани.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата