logo
logo
logo

Топлотен бран и сончев спектакл: ПОВЕЌЕ ОД 24.000 ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ГИ ОБЕЗБЕДУВААТ ПАТИШТАТА ВО ШПАНИЈА

Vecer | 12.08.2026

Топлотен бран и сончев спектакл: ПОВЕЌЕ ОД 24.000 ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ГИ ОБЕЗБЕДУВААТ ПАТИШТАТА ВО ШПАНИЈА

Според проценките на шпанските власти, околу 460.000 луѓе допатувале во Шпанија за денес да го набљудуваат целосното помрачување на Сонцето, а хотелите во таа земја пријавиле дека сместувањето било резервирано неколку месеци однапред од државјани на многу земји во светот.

Се очекува повеќе од 300.000 од нив да се упатат кон градовите и селата во рурална Шпанија за да побараат најдобро место за набљудување на помрачувањето на Сонцето, а официјалните лица ширум Шпанија очекуваат уште околу милион и пол луѓе кои ќе допатуваат со автомобили на дестинации погодни за набљудување, пренесува „Гардијан“.

Целосното помрачување на Сонцето ќе започне во западна Шпанија од 19:30 до 19:33 часот по локално време, а врвот на помрачувањето ќе се случи непосредно пред заоѓањето на сонцето — околу 20:28 до 20:32 часот по локално време.

Шпанските власти најавија дека, поради временските предупредувања кои предвидуваат температури до 40 степени Целзиусови и висок ризик од шумски пожари, на патеката каде што ќе биде видливо целосното помрачување ќе бидат распоредени повеќе од 24.000 полицајци.

Официјалните лица проценија дека дури шест милиони луѓе би можеле да се соберат на патеката на помрачувањето, која се протега околу 200 километри од Ла Коруња на северозападот на Шпанија до медитеранскиот остров Мајорка.

Целосното помрачување на сонцето ќе биде видливо и во мал дел од Португалија и делови од Гренланд и Исланд, на северот од Русија и во Атлантскиот Океан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk