logo
logo
logo

Еден загинат и 47 повредени при уривање на фудбалскиот стадион во Лима

Vecer | 04.04.2026

Еден загинат и 47 повредени при уривање на фудбалскиот стадион во Лима

Спасувачите однеле 47 повредени лица, вклучувајќи и едно дете, во разни болници.

Јавното обвинителство за економски криминал на Перу на платформата X објави дека се испитуваат околностите кои довеле до несреќата. Обезбедени се снимки од безбедносните камери и земени изјави од сведоци.

Засега не е јасно што го преизвикало уривањето на стадионот „Алехандро Вилануева“.

Според извештајот на дневниот весник „Ел Комерсио“, пред уривањето навивачите на клубот Алијанза Лима се собрале на стадионот за да го проследат натпреварот на нивниот тим против Клуб Универзитерио.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk