Колапсот на Европската Унија само ќе се забрза по поразот на партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан на парламентарните избори, изјави Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции и специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и надворешна економска соработка.
„Ова само ќе го забрза колапсот на ЕУ. Проверете за четири месеци дали сум во право“, напиша Дмитриев на социјалната мрежа X, пренесува РИА Новости.
Објавата на Дмитриев дојде како одговор на коментарот на британскиот активист Томи Робинсон дека Унгарија „паднала“ и дека „смртта на Европа продолжува“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата