logo
logo
logo

Вечер Тема

НЕМА НАСКОРО ДА ИМА МИРОВЕН ДОГОВОР СО УКРАИНА. Трамп ќе ги врати европјаните на “фабричко подесување“

Vecer | 21.08.2025

НЕМА НАСКОРО ДА ИМА МИРОВЕН ДОГОВОР СО УКРАИНА. Трамп ќе ги врати европјаните на “фабричко подесување“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и претседателот на Русија одржаа историска средба на Аљаска на која утврдија рамки за иден можен мировен договор за војната во Украина.

Светот се понадева на решение, Трамп и Путин изјавија дека двете моќни дрѓжави и најмоќни нуклеарни сили во светот се сложни за утврдените рамки но, потоа се вмешаа европјаните со свои погледи инаанемри и - најверојатно, - нема да има никакви битни резултати од средбата помеѓу Трамп и Путин бидејќи Британија, Франција и Германија имаат интерес за војна со која би ја довеле Русија до пораз, и влез на нивни војници во Украина што за Москва е влез директно во војната.

Дека се работи за таков план потврдуваат и трите опции на, во суштина, британскиот и француски план за распоредување на воени “мировни сили“ во Украина и контрола на небото со забрана на руски авиони за прелет. Тоа е веќе нешто друго од договореното помеѓу Трамп и Путин па американскиот претседтел најави и можност тој и САД да излезат од преговорите и да ги остават европјаните со Украина сами да си најдат решение.

Европа, наведено и заедно САД но тоа е демнатирани потоа од Трамп, разгледуваат  опции за безбедносни гаранции за Украина, објавува „Тајмс“.

Според британскиот весник, шефовите на вооружените сили ќе изготват план за европски гаранции што би ги поддржале САД во рок од десет дена.

Првата опција вклучува обука на војници на украинска територија. Велика Британија и Франција би можеле да испратат илјадници војници за обука на украинските вооружени сили во западниот дел од земјата, во близина на Лавов. За таа цел во Киев би бил формиран координативен центар, предводен од британски офицер.

Во исто време, Европа би продолжила да снабдува оружје за Украина. Покрај тоа, „воздушна полиција“ - авиони „Тајфун“ или „Ф-35“ - би патролирале по небото на земјата. САД би можеле да обезбедат и воена и разузнавачка поддршка на Украина.

Втората опција би била САД да обезбедат ограничени безбедносни гаранции за да ја принудат Европа да го преиспита распоредувањето на војници во Украина. „Коалицијата на оние што се подготвени“ потоа би се фокусирала на воздушни патроли и би можела да воведе и зона на забранети летови.

Како дел од третата опција за безбедносни гаранции, весникот го наведува обезбедувањето на колективната безбедност на НАТО, слично на Член 5. Според овој член, напад врз една членка на алијансата се смета за напад врз сите членки.

Последната опција вклучува формирање на безбедносен сојуз, сличен на сојузот на САД со Јужна Кореја или Јапонија. Договорот за меѓусебна соработка и безбедност, потпишан во 1960 година, ги обврзува САД да ја бранат Јапонија, како и да дозволат присуство на американски воени бази на јапонска територија.

„Коалицијата на оние што се подготвени“ е здружение на повеќе од 30 земји, претежно европски. Тие размислуваат за учество во потенцијална мировна мисија во Украина. Франција и Обединетото Кралство имаат координативна улога во овој сојуз.

Но, Полска не сака да прати своја војска во Украина. Унгарија, Италија, Словачка... веќе изразија резерви и не го поддржуват ваквиот план.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони предложи план за обезбедување безбедносни гаранции на властите во Киев за мирно решавање на конфликтот, кој не предвидува распоредување на воени сили на западните сојузници во Украина, објави Блумберг.

Според агенцијата, предлогот на италијанскиот премиер предвидува откажување од обидот на Украина да се приклучи кон НАТО. Исто така, се предлага воспоставување механизам според кој земјите-членки на Алијансата можат да склучуваат договори со Киев што предвидуваат обврска за реакција во рок од 24 часа и обезбедување воена поддршка во случај на напад врз Украина.

Планот на Италија е само еден од неколкуте предлози што ги разгледуваат земјите од НАТО. Останува нејасно дали билатералните договори меѓу западните земји и Киев ќе предвидат испраќање сили на НАТО во Украина, соопшти агенцијата.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во интервју за Фокс њуз на 19 август, изјави дека Франција, Германија и Обединетото Кралство сакаат да распоредат воени сили на територијата на Украина, а исто така нагласи дека, додека тој ја води американската администрација, нема да има американски војници во Украина.

Според официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, Русија не прифаќа никакви сценарија што подразбираат појава на воен контингент на земјите од НАТО на територијата на Украина, бидејќи тие носат ризик од неконтролирана ескалација на конфликтот.

Значи, ова е далеку од она што го разговарале Трамп и Путин и утврдиле рамки на можен мировен договор за војната во Украина. Европскиот план е ставање на Украина под воена (оттаму и политичка) контрола и носење европски војници со логитика од САД на територијата на Украина што поблиску до руските граници. А, да се потсетиме, војната во Украина почна токму заради таа намера која Русите ја препознаа какоз акана за својата безбедност.

Заклучок е дека од средбата ан Аљаска нема да произлезе мировен договор.

Трамп ќе се дистанцира од наведените планови и трите наведени опции, а Русија ќе ги засили нападите врз украинската војска и ќе освојува нови територии се додека Украина не колабрира и воено и економски а европските воено располежени држави не влезат во подлабока економска криза од сегашната која ќе предизвика социјални отпори и ќе се покаже дека нивните планови за војна со Русија се неисплатливи. 

Сите големи војни се почнати во Европа. Заради тоа САД иницираа Европска унија да се создадат сојузи и да се намалат опасностите од нови европски војни. Се чини дека е дојдено време Вашингтон да ги врати европјаните на “фабричко подесување“ и да им ги смири ратоборните хормони.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk