Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја повика американската администрација да го одвои прашањето за војната во Украина од билатералната економска соработка. Тој истакна дека Русија не гледа потреба да се чека конечно решение на конфликтот за да започне оживувањето на трговските врски.
„Во интерес и на Вашингтон и на Москва е да се стремат кон заемно корисни проекти“, порача Песков, посочувајќи дека постои капацитет за многубројни успешни иницијативи штом ќе се обноват официјалните односи меѓу двете држави.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата